Голем успех постигнаа хрватските скијачки на денешната слаломска трка од Светскиот куп во Шпиндеров млин во Словачка. По пауза од 16 години Хрватска има подиум откако Зринка Љутиќ го освои 3.то место, а Леона Поповиќ заврши како петтопласирана.

Првото место и припадна на Германката Лени Дур, а втора беше водечката во Светскиот куп Американката Микаела Шифрин.

Резултатот на хрватските скијачки на својот инстаграм профил го објави и легендата на хрватското скијање Ивица Костелиќ.