Кошаркарите на Партизан се радуваа на голема победа против “лутиот“ ривал Црвена Звезда во рамките од 21 коло на Евролигата.

Белградското дерби мина во супер неизвесна кошарка во која двете екипи имаа свои добри и лоши периоди на игра. Со исклучок на водените три минути, црно-белите беа оние кои постојано го контролираа резултатот и имаа предност.

Иако Вилдоза и Недовиќ беа двајцата најефикасни играчи на натпреварот со 26 односно 23 поени, сепак тоа не беше доволно црвено-белите да избегнат пораз со конечни 79-78. Кај победничката екипа Ексум и Лидеј постигнаа по 20 поени.

Со овој триумф Партизан и Црвена Звезда сега имаат идентичен учинок по 10 победи и 11 порази, но сега црно-белите се пред црвено-белите на табелата.

Ова е еден од четирите натпревари што се играат вечерва во Евролигата. Во останатите три (кои се во тек) се среќаваат, Басконија – Анадолу Ефес, Олимпијакос – Макаби и Баерн Минхен – Виртус Болоња.