Тимот на Ред Бул Лајпциг запиша втора победа по ред во германската Бундес Лига и остана во чекор со лидерот Баерн Минхен.

Избраниците на Марко Розе, вечерва славеа на домашен терен против Штутгарт со 2-1 и дојдоа на само бод помалку во однос на Барен, кој во оваа коло ќе се сретне со Ајнтрахт.

Стрелец на двата гола за РБ Лајпциг беше унгарскиот напаѓач, Собослаи кои во 25-тта и 49-тата минута донесе предност од 2-0, додека пак единствениот погодок за гостите го постигна, Крис Фурих од белата точка во 68-та минута, за конечни 2-1 на натпреварот.