Репрезентацијата на САД оствари нова втора победа на Светското првенство откако во последниот натпревар на шампионатот ја победија Белгија со 24:22. Ова е прва победа на САД против европска репрезентација. Американците со овој триумф во Малме го освоија петтото место во групата, додека Белгија е последна.

Во дуелот во Катовице Аргентина го победи Катар со 26:22 и го обезбеди петтото место во групата. За „гаучосите“ ова беше втор триумф по оној во групната фаза против Македонија.

Вечерва се играат другите дуели од главната фаза: Хрватска – Бахреин и Србија – Холандија, како и натпреварот од Президент купот меѓу Македонија и Мароко.

На дуелот во Плоцк Тунис очекувано го совлада Алжир со 30:25 и со тоа го потврди првото место во групата.