Македонскиот чувар на мрежата на голот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски, беше принуден два пати да ја вади топката од својата мрежа, а неговиот тим загуби од Реал Сосиедад. (0-2)

Гостите со головите во 15  и 36-тата минута створија капитална предност од 0-2, резултат кој на крајот беше и конечен.

Со оваа победа Сосиедад остана во чекор со водечките, Барселона и Реал Мадрид, додека пак Рајо, остана на 26 бода, што е доволно за деветтата позиција на табелата.