Без победник заврши дерби натпреварот помеѓу Челзи и Ливерпул. (0-0)

Иако многу се очекуваше во пресрет на овој натправар, Ливерпул и Челзи продолжија со слабите игри и ги разочараа своите навивачи.

Големото засилување на Челзи, Украинецот, Михаило Мудрик,  за кого клубот плати дури 80 милиони, ја имаше најголемата шанса на натрпеварот во 65-тата минута откако од непосредна близина шутираше покрај голот.

Со овој нерешен резултат и двете екипи ја продолжија серијата лоши резултати, а со 29 бода на табелата, се повеќе заостануваат зад водечките 4  на табелата.