Избраниците на Парондо имаат пет од пет

Репрезентацијата на Египет е четвртиот патник во четвртфиналето на Светското ракометно првенство што се одржува во Шведска и Полска.

Селекцијата предводена од некогашниот вардаров тренер, Роберто Гарсија Парондо, без многу проблеми стигнаа до својата петта победа на исто толку одиграни средби на Мундијалот.

Египет во првиот меч од 2.коло на Групата 4, славеше над Бахреин со 26-22 и на коло пред крајот на групната фаза веќе го осигура своето место меѓу осумте најдобри, кад од вчера се Шпанија, Франција и Шведска.

Во истата група, селекцијата на Данска вечерва може да се пласира во четвртфиналето, имајќи во предвид дека Данците за противници ќе ги имаат Американците кои важат за апсолутни аутсајдери во оваа конкуренција.

На останатите натпревари одигра попладнево Србија ја победи Аргентина со 28-22, додека мо мечот од „Президент купот“ и тоа во нашата група Мароко минимално со 28-27 го совлада Алжир.