Десетти дена по ред ракометни возбудувања на Светското првенство во Полска и Шведска. Денеска на програмата се дуелите од 2.коло од главната фаза во групите 1 и 2. На самиот старт на денот ќе биде и дерби дуелот меѓу Словенија и Шпанија. Словенците со евентуален триумф можат да дојдат до шанса за четвртфиналето.

Возбудливо ќе биде и на двата последни дуели од денешната програма Шведска против Исланд во „скандинавска“ пресметка, додека домаќинот Полска ќе се обиде да дојде до победа во главната фаза против незгодната Црна Гора.

Се играат и два дуела од Президент купот во Плоцк од групата 1: Чиле – Уругвај и Саудиска Арабија – Јужна Кореја.

Распоред на натпреварите:

Група 1 – Катовице:

Словенија – Шпанија (почеток 15:30)

Иран – Франција (18:00)

Црна Гора – Полска (20:30)

Група 2 – Гетеборг:

Португалија – Зеленортска р. (15:30)

Бразил – Унгарија (18:00)

Исланд – Шведска (20:30)