Кралскиот клуб, Реал Мадрид, на мускули, успеа да се пласира во четврфиналето на Копа Дел Реј, откако со пресврт успеа да го елимнира Виљареал (2-3)

Натпреварот тргна кошмарно за Реал, откако Етан Капоне веќе во четвртата минута ја затресе мрежата на Тибо Куртоа. За главоболката за избраниците на Анчелоти да биде поголема се погрижи Чуркезе, кој во 42-та минута ја зголеми предноста на Виљареал на 2-0, резултат со кој се замина на полувреме.

Кога делуваше дека серијата лоши резултати на Реал ќе продолжи, Винициус донесе надеж со гол во 57-та минута. Милтао во гол во 69-тата минута целосно ги врати ,,кралевите” во натпреварот, израмнувајќи на 2-2.

За целосен пресврт и победа се погрижи Себаљос со гол во 86-тата минута.