Со натпреварот одигран вечерва во СЦ ,,Јане Сандански” во кој шампионат МЗТ Скопје Аеродром славеше над победникот на купот, ТФТ со 91-81, започна вториот дел од сезоната во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Првото полувреме мина во израмнета игра за што говори и резултатот 54-54.

Во вториот дел, односот третата четвртина, МЗТ одигра одлично во одбраната и на противникот му дозволи да постигне само 9 поени, добивајќи ја четвртина со 19 разлика 28-9.

Во последниот период. Тимот од Тафталиџе со серија 14-1, на 4.минути пред крајот дојде на 4 негатива (83-79)

Но, со поените на Дамјан Стојановски и двете врзани тројки на Мицовиќ, МЗТ повторно замина на двоцифрена предност, која се покажа како клучна, на крајот МЗТ да слави со конечни 91-81.

Најефикасен со победникот тим и на натпреварот, беше Страхиња Мичовиќ кој оствари дабл-дабл со 34 поени и 17 скокови, додека кај поразените Ташовски и МекБрајер постигнаа по 15 поени.

Оваа средба како и утрешната во Битола, се играат порано од останатите поради обврските на МЗТ, ТФТ и Пелистер во регионалните АБА 1 и 2 лиги.