Македонските ракометари повторно (трет пат) загубија на Мундијалот во Полска и Шведска.

Иако и овојпат имаа беспрекорна поддршка од трибините од македонската „фаланга“, ракометарите не најдоа сили, а којзнае, можеби и мотив плус, да се надминат пред се себеси, а потоа и расположените и борбени Аргентинци.

Македонските ракометари ќе останат во Полска, но сега ќе се преселат во Плоцк, каде ќе ги играат натпреварите од така-наречениот „Пресидент куп”.

Но, ќе остане ли „фалангата“ да ги бодри од трибините, ќе почекаме да видиме до четврток за кога е закажан натпреварот со Алжир.

Во продолжение фото-галеријата од овој натпревар објавена на „Фејсбук“ страната на РФМ.