По третиот пораз на Мундијалот од Аргентина, селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ја прифати одговорноста.

На официјалната прес-конференција по натпреварот, запрашан за реакцијата на дел од македонските симпатизери присутни на трибините, на нивните повици за оставка Лазаров изјави.

„Имаме наша стратегија да работиме многу во иднина. Лани јас со 42 години , Стоилов со 35 и Миркуловски 39 бевме дел од овој национален тим за да имаме континуитет на ЕП и СП. Знаевме дека после нас ќе биде тешко да се биде на секое ЕП и СП.
Бидејќи е тоа така јас играв до 41 година. Видовме нова ситуација, прва ситуација без нас, и видовме дека не е исто.

Имам одговорност, но успех за нас е да се биде тука.
Победивме тимови како Романија и Чешка. Ви кажав дека не сум изненаден, но не сум задоволен.
Загубивме со десет голови. Ние не сме подобри од Аргентина, Холандија и Норвешка. Но, не сме толку лоши.
Ќе треба да смениме нешто, ако сакаме да направиме нешто во иднина“.

Македонија ќе биде единствена европска селекција што ќе игра во „Президент Купот“.