Денеска на Светското првенство ќе се одиграат осум натпревари од 3.коло во групите од А до Д. Што значи дека ќе бидат познати 12 од 16 репрезентации што ќе играат во главната фаза, но која од која позиција и со колку бодови ќе влезе во продолжението на првенството.

Секако најинтресено треба да биде во Катовице каде Словенија и Франција во директен дуел ќе решаваат за првото место во групата и за пренесување на четири бода за победникот. Во вториот дуел од оваа група домаќинот Полска ќе ја брка првата победа на првенството. Во групата А фаворитите Шпанија и Црна Гора се очекува да запишат победи, исто како и Шведска и Бразил во дуелите од Ц групата во Гетеборг. Неизвесно се очекува да биде и во Кристијанштад на дуелот меѓу Унгарија и Португалија, додека Исланд е апсолутен фаворит против Јужна Кореја.

А ГРУПА КРАКОВ

3.коло: Црна Гора – Чиле (почеток 18 часот) Иран – Шпанија (почеток 20:30 часот)

Табела: Шпанија 4, Црна Гора 2, Иран 2, Чиле 0.

Б ГРУПА КАТОВИЦЕ

3.коло: Словенија – Франција (18 часот) Полска – Саудиска Арабија (20:30 часот)

Табела: Словенија 4, Франција 4, Полска 0, Саудиска Арабија 0.

Ц ГРУПА ГЕТЕБОРГ

3.коло: Бразил – Зеленортски острови (18 часот) Уругвај – Шведска (20:30 часот)

Табела: Шведска 4, Бразил 2, Зеленортски острови 2, Уругвај 0.

Д ГРУПА КРИСТИЈАНШТАД

3.коло: Јужна Кореја – Исланд (18 часот) Португалија – Унгарија (20:30 часот)

Табела: Унгарија 4, Португалија 2, Исланд 2, Јужна Кореја 0.