Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски нема да биде во составот на нашата репрезентација на следните два натпревара. По направените медицински прегледи утврдено е дека има скинати мускулни влакна и се препорачува одмор. Јагуриновски е првиот играч што се најде на листата на повредени.

На пат за Краков веќе се упати нов играч станува збор за Давид Савревски, десен бек и сега прашање е дали ќе биде утре во составот за дуелот против Холандија, односно дали селекторот Кирил Лазаров ќе го стави на пријавната листа.

Јагуриновски се повреди во финишот од првиот дел од дуелот со Норвешка.