Студен туш за Јирген Клоп и неговите избраници.

Брајтон целосно ги надигра црвените и сосема заслужено славеше со 3-0

Со ова победа Брајтон го прескокна Ливерпул на табелата и се искачи на 7-та позиција, додека пак Ливерпул падна на осмото место.

Два гола постигна Соломон Марч (47 и 53-минута), а со прекрасниот погодок на Дани Велбек во 82.минута, Брајтон го потврди заслужениот триумф.