Голем триумф оставрија фудбалерите на Манчестер Јунајтед откако во првиот дуел од 20.коло од денешната програма го победија граскиот ривал и шампион на Англија Манчестер Сити со 2:1. Победата и трите бода се позначајни бидејќи дојдоа со пресврт на резултатот за четири минути во периодот од 78 до 82.минута.

Најпрвин изедначи Бруно Фернандеш по една сомнителна ситуација, бидејќи во недозволена позиција беше Рашфорд, но тој не играше со топката. Во 82.минута Маркус Рашфорд се запиша во листата на стрелци и со тоа ја продолжи серијата од барем еден гол на последните седум натпревари.

Голот за „граѓаните“ за водство од 1:0 го постигна Грилиш во 60 минута, но се покажа недоволно за победа.

Манчестер Јунајтед со оваа победа има 38 бодови, еден помалку од Манчестер Сити, а лидер на табелата во Премиер лигата е Арсенал со 44 бодови.