Фаворитите на трите вечерашни дуели од стартното коло на Светското првенство постигнаа победи. Шпанија во дуелот од А групата во Краков ја победи Црна Гора со 30:25. Шпанските ракометари имаа водство во речиси целиот тек од натпреварот и пред се благодарение на погилемиот број на грешки на противникот. Двајцата голмани Де Варгас кај Шпанија и Симиќ кај Црна Гора имаа одлични интервенции. Најефикасен на натпреварот беше Бранко Вујовиќ од Црна Гора со 7 голови. На првиот дуел од оваа група Иран го победи Чиле со 25:24.

Европскиот првак Шведска веднаш на стартот покажа дека ќе биде голем конкурент за медалите. На отворањето во рамки на Ц групата во Гетеборг го победи Бразил со 26:18. Одличен на голот беше Андреас Паличка, а Џим Готфридсон беше најефикасен со 6 голови. На вториот дуел од групата Зеленортските острови го победија Уругвај со 33:25.

Најнеизвесен дуел одиграа Исланд и Португалија во Кристијанштад, а победа од 30:26 оствари Исланд. Унгарија во првиот натпревар од групата ја совлада Јужна Кореја со 35:27.