Со победата на гостувањето во Вилербан кај Лион (82-75) екипата на Барселона останува на делба на првите три место во кошаркарската Евролига по18 одиграни кола,

Барса е втора со „скор“ 12 победи и 6 порази колку што има прво пласираниот Реал Мадрид, но и трето рангираниот Монако.

Покрај Барселона, на синоќешните две одиграни средби од оваа рунда, победи забележаа и Макаби над Партизан со 90-81, како и Валенсија која беше подобра од актуелниот шампион Анадолу Ефес со 81-71.

Во Евролигата, нема пауза, па денеска и утре на програмата се дуелите од 19.коло, двојките се:

денеска

18:45 ФЕНЕРБАХЧЕ – БАЕРН МИНХЕН
19:00 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – МОНАКО
20:00 АЛБА БЕРЛИН – РЕАЛ МАДРИД
20:30 ВИРТУС БОЛОЊА – ОЛИМПИЈАКОС

утре

20.00 ЛИОН ВИЛЕРБАН – ВАЛЕНСИЈА
20.00 ПАНАТИНАИКОС – МАКАБИ ТЕЛ АВИВ
20:30 БАРСЕЛОНА – АНАДОЛУ ЕФЕС
20:30 ОЛИМПИЈА МИЛАНО – ЖАЛГИРИС
20:30 ПАРТИЗАН – БАСКОНИЈА