Американецот со нигериско потекло Абу ќе ги засили аеродормци

Не измина ниту цел ден откако центар Самет Јигитоглу, ја прекина соработката со МЗТ Скопје, но од таборот на сино-белите веднаш најдоа замена за младиот Турчин.

Станува збор за Американецот со нигериско потекло, Искусниот Абдул-Малик Абу (27 год, 203 см), кој треба да ја зголеми цврстината во играта под обрачите.

Како што информираат од „Јане Сандански“ се прават напори тој веднаш да пристигне во Скопје и до недела да се средат сите административни формалности, со цел Абу да дебитира во сино-белиот дрес веќе на дуелот со Партизан во Белград, закажан за во понеделник.


Инаку, последен клуб на Абу бил израелскиот Хапоел Галил Елион, а својата интернационална кариера ја има градено и во екипите бундеслигашот Вурзбург (Германија), корејскиот прволигаш Чангвон, турскиот тим Беледиеспор, Спортинг од Лисабон и Вриједноснице Осијек, кој беше негов прв интернационален трансфер.

Зад себе има повеќе од солидна НЦАА кариера во Северна Каролина државниот универзитет, каде што во една од сезоните имал просек од 11,8 поени и седум скока.