Повеќе нема непоразени екипи во француската Лига 1.

Ова откако во дерби натпреварот од 17.коло. екипата на Ленс го совлада актуелниот шампион и лидер на табелата ПСЖ со 3-1.

Ленс поведе во 5.минута со голот на Франковски, но само три минути подоцна Екитике израмни.

Ново водство на домашниот тим му донесе Опенда во 28 минута, а по само две минути игра во вториот дел Клод-Морис ги постави конечните 3-1 за Ленс.

Со тоа прекината е низата од 31 натпревар без пораз на ПСЖ кој остана на првата позиција на табелата сега со само 4 бодови повеќе од Ленс.