Македонската машка ракометна репрезентација ќе биде првата која ќе има настап во новата година.
Ракометарите се подготвуваат за ново учество на Светското првенство.

По обработениот прв дел во Маврово и кратката новогодишна пауза, македонските ракометари ги продолжуваат подготовките за Мундијалот.

Дел од овие подготовки е и утрешниот ревијален натпревар што ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски.

Дуелот на актуелните против поранешните репрезентативци на кој публиката ќе има можност да им даде поддршка на едните, а да изрази благодарност и признание на оние кои со години го носеа црвено-жолтиот репрезентативен дрес ќе биде од хуманитарен карактер.

На теренот ќе истрчаат најголемиот дел од ракометарите кои го направи најголемиот успех на македонскиот ракомет со освојувањето на 5.место на Европското првенство во Србија 2012.година. Спортско музичкиот „хепенинг“ ќе започне од 19 часот.

До заминувањето за Краков каде Македонија ќе ги игра натпреварите од групната фаза во која за противници ќе ги имаат селекциите на, Норвешка, Холандија и Аргентина редоследно, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе настапат и на турнирот во Пореч на кој ќе одиграат контролни натпревари против домашната Хрватска и селекцијата на Израел