Откако вчера со пролог сесијата официјално стартуваше новото издание на релито Дакар кое годинава се одржува во Саудиска Арабија, денеска на програмата беше првата етапа.

Патеката долга 602,5 км во конкуренција на автомобили прв ја мина повеќекратниот шампион Карслос Сајнц кој со своето Ауди оствари време од 3 часа, 28 минути и 55 секунди, што беше за 10 секунди побрзо од големиот конкурент Французинот, Себастијан Леб кој е член на тимот на Бахреин Раид Екстрим.

Кај мотоциклистите, најбрз беше Американецот, Рики Брабек од Монстер Енерџи Хонда тимот, оставајќи го зад семе второ пласираниот Аргентинец, Кевин Бенавидес од тимот на Ред Бул КТМ, кој заостана 19 секунди, додека неговиот тимски колега Австралиецот, Тоб Прајс заврши како трето пласиран.