Новогодишната децениска традиција продолжува на првиот ден во новата година со турнејата
„Четри скокалници“ односно настапите на ски-скокачите.

Новогодишната турнеја во скијачки скокови „четири Новогодишни скокалници“, продолжи во германскиот Гармиш-партенкирхен.

Како и пред три дена во Оберсдорф, така и денеска, најдобар беше Халвор Егнер Гранеруд.

Младиот Норвежанец беше единствениот кој во двете серии имаше фантастични скокови. Вр првата долета до границиата од 140 метри, а во втората до 142 што беше повеќе од доволно да ја оствари својата втора победа на турнејата.

Зад него денеска завршија Словенецот, Анже Ланишек и Давид Кубацки од Полска.

По ова натпреварувачите се селат во австриските центри, Инсбрук и Бишсховен каде ќе се натпреваруваат на 4 и 6 јануари.