Франческо Бањаја е чекор поблиску до освојување на шампионскиот трофеј во  Мото ГП. 

Италијанецот утрово победи на претпоследната овосезонска трка возена во Сепанг за Големата награда на Малезија.

Возачот на Дукати прв ја мина целната рамнина пред сонародникот а Енеа Бастианини и неговиот главен конкурент за титулата и актуелен шампион Фабио Квартараро. 

Така сега Бањаја има 23 бода предност во однос на Квартараро во исчекување на последната трка сезонава, закажана за 6 ноември во Валенсија.