Фудбалерите на Вардар со победата над Струга ТЛ на коло до крајот на првенството, го потврдија освојувањето на шампионскиот трофеј.
Вардарци на „тронот“ ќе ја заменат тетовска Шкендија, тим против кој ќе играат во последното првенствено коло.
Од таборот на новиот македонски првак Вардар, го потврдија терминот на дербито, по кое ќе следува инаугурацијата.
Фудбалерите на Вардар и Шкендија во сабота од 18 часот ќе излезат на теренот на арената „Тодор Проевски“. По натпреварот во Градскиот парк кај „школка“ ќе следува и прославата на освоената 12-та шампионска титула.
































