Интер Мајами ја продолжи својата позитивна серија во МСЛ со победа против Портланд. Лионел Меси го предводеше тимот од Мајами до победа од 2-0 над Тимберс.

 Аргентинецот го постигна првиот гол на натпреварот во 31-та минута, додека Герман Бертераме го постави конечниот резултат во 42-та минута

Тоа беше 12-ти гол на Меси во 13 настапи оваа сезона во МЛС, со што се изедначи со хрватскиот интернационалец Петар Муса. Само Уго Кујперс сега е пред двајцата, кои моментално имаат 13 гола.

Интер Мајами е на четвртото место на табелата со 28 бода, по 13 одиграни натпревари. Над нив се Сан Хозе и Ванкувер со 29 и прв Нешвил со 30 бода.