Во 25. коло од женската ракометна Супер лига, екипата на Ѓорче Петров гостуваше кај Астибо во Штип и забележа убедлива победа со 46:24.

Натпреварот започна израмнето, а двете екипи беа резултатски блиску до 12-тата минута. Тогаш Ѓорче Петров со серија од 3:0 успеа да се одлепи на 7:4, по што гостинките целосно ја презедоа контролата на теренот. Со нова серија од 5:0 во 16-тата минута стигнаа и до високи +7 (12:5), а до крајот на првото полувреме само ја зголемуваа предноста. На паузата се замина со убедливи 25:14 за шампионот.

Во второто полувреме немаше никаква промена на односот на силите. Ѓорче продолжи со доминацијата, па во 39-тата минута поведе со 29:19. Домашниот тим немаше решение за расположените гостинки, кои во 50-тата минута стигнаа и до највисоки +14 (36:23).

До самиот крај Ѓорче Петров ја одржуваше високата предност и заслужено славеше со конечни 46:24.