Манчестер Сити го освои својот осми трофеј во ФА Купот.

Во финалето на „Вембли“ Манчестер Сити минимално со 1-0 го победи Челзи.

Антоан Семењо постигна неверојатен гол со пета во 72-та минута од мечот. Овој потег ја запечати победата и донесе огромно славје за избраниците на Пеп Гвардиола кои одиграа паметно и машки го издржаа притисокот до крај.

Со овој пехар, „граѓаните“ уште еднаш покажаа зошто доминираат во англискиот фудбал. Момците на Гвардиола претходно веќе го кренаа пехарот во Лига Купот.

Сега сите очи се свртени кон возбудливата завршница во домашниот шампионат. Сити ,,дише” во врат на Арсенал и заостанува само два бода зад лидерот, на две кола до крајот. Навивачите сонуваат за историска тројна круна на домашно тло оваа сезона.