Вардар го ,,врати” шампионскиот пехар во Скопје. Прославата на одвојувањето на титулата мина во сенка на скандалозните објави на директорот на клубот Миленко Неделковски.

Некогашниот спортски новинар, па едно време козар, а сега директор на најтрофејниот клуб, во два наврати имаше срамни објави. Тој на својот Фејсбук профил прво ја навреди познатата македонска пејачка Каролина Гочева. Потоа во обид да се извади и извини, со нов статус ,,удри” по Весна Бендевска.

Не е сефте вакви и слични невкусни ,,постови” да има М.Н. кој сака целокупната слава за титулата да ја присвои на лично име. Но, не зачудува тоа од овој човек, кој заборави на играчите и пред се навивачите ,,Комитите”.

Дополнителни коментари (засега) не се потребни,