Сан Антонио Спарс се пласираа во финалето на Западната конференција откако ги победија Минесота Тимбервулвс со 139-109 во шестиот натпревар од полуфиналната серија, завршувајќи го натпреварот со 4-2. Тимот од Тексас ја контролираше играта од самиот почеток и никогаш не заостануваше, во еден момент водејќи со 37 поени разлика.
Најефикасен играч за Спарс беше Стефон Касл со 32 поени, 11 скока и шест асистенции, додека Де’Арон Фокс додаде 21 поен и девет асистенции. Виктор Вембањама постигна 19 поени со шест скока и три блокади.
Ентони Едвардс со 24 и Теренс Шенон Џуниор беа најефикасни за поразениот тим, . Актуелните шампиони Оклахома Сити Тандер ги чекаат Спарсите во финалето на Западот.
На Истокот ќе се игра мајсторка за да го дознаеме противникот на Њујорк во финалето.
Детроит Пистонс ја спасија меч-топката против Кливленд Кавалирс и го добија седмиот натпревар со победа од 115:94 на гостински терен.
Кавалирс имаа водство од 3-2 во серијата и шанса да ја завршат работата пред своите навивачи, но Пистонс ја продолжија серијата.
Кејд Канингем ги предводеше Пистонс со 21 поен и осум асистенции, додека Џејлен Дурен додаде 15 поени и 11 скока. За Кавалирс, Џејмс Харден со 23 поени, седум скока и четири асистенции. Седмиот натпревар ќе се игра во недела, а победникот веќе ги чека Њујорк Никс во финалето на Источната конференција.




























