Скопската екипа Работнички е новиот шампион во женската македонска одбојка.
До својот 18-ти шампионски трофеј, тимот на Работнички стигна со трите победи во финалната плејоф серија против Наковски волеј.
Решавачкиот петти меч одигран во Струмица, одбојкарките на Работнички го добија во четири сета (3:1), и со 3:2 во победи стигна до пехарот.
Иако домаќинките го добија првиот сет мошне убедливо со 25-16, сепак Работнички направи комплетен пресврт.
Скопјанки ги добија наредните три сета со 20:25, 25:27, 23:25 и на крајот заслужено се радуваа на пехарот.
Со овој триумф тимот на Работнички само се зацврсти на врвот на вечната листа со најмногу освоени шампионски трофеи.



























