Ноќеска во НБА лигата повторно се одиграа два натпревари по кои го дознавме приот финалист на истокот.

Оклахома Сити Тандер ја заврши полуфиналната серија со убедлива победа над Лејкерс од 115:110 и триумф од 4-0.

Џаи Гилџус-Александар постигна 35 поени, а Аџај Мичел додаде 28 за гостите. Лејкерс без Лука Дончиќ се потпреа на Остин Ривс со 27 поени и Леброн Џејмс со дабл-дабл од 24 поени и 12 скока, но тоа не беше доволно.

Тандерс сега го чекаат победникот од серијата Сан Антонио и Минесота која е израмнета 2-2.

На Истокот, Кливленд Кавалирс славеше над Детроит Пистонс со 112:103 благодарение на Донован Мичел кој постигна 43 поени.

Мичел реализираше неверојатни 39 поени во второто полувреме и го израмни рекордот на Ерик Флојд од 1987 година. Џејмс Харден додаде 24 поени и 11 асистенции, а Карис Леверт постигна 24 поени.

Кај Пистонс најдобар беше Кејд Канингем со 19 поени, но тоа не беше доволно за изненадување.