Летото е период за спортски напредок! За сите млади таленти кои сакаат да ги усовршат своите вештини под будното око на професионалци, со големо задоволство го најавуваме претстојниот „Volleyball Camp by Elena Pandeva“.

Зад овој проект стои Елена Пандева, име добро познато во одбојкарските кругови со богата интернационална кариера. Нејзината визија е да им пренесе на помладите генерации дел од искуството стекнато на европските терени, истовремено промовирајќи ги спортскиот дух и самодовербата како битен елемент на теренот.

Кампот ќе се одржи во периодот од 12 до 17 јуни, во прекрасниот амбиент на хотел „Истатов“ во Нов Дојран, каде што учесниците ќе имаат одлични услови за тренинг и дружење.

​Програмата ги вклучува сите аспекти на модерната одбојка:

Интензивен развој на техничките вештини и елементи во играта.
​Подобрување на играчката интелигенција и носење брзи одлуки на теренот. ​
Специјални гости ќе бидат искусни домашни и странски тренери кои ќе го споделат своето знаење и меѓународно искуство.
Работа во средина која мотивира врвни резултати и дисциплина/
​MVP награди и признанија за најистакнатите поединци кои ќе покажат најголем труд и напредок.
​​
​Датум: 12 јуни – 17 јуни
​Локација: Хотел Истатов, Нов Дојран
​Цена: 230€
​Бројот на места е ограничен за да се обезбеди квалитетна работа со секој учесник поединечно. Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации и да го резервираат своето место на:
​Телефон: + 389 77 573 225
​Е-пошта: e.pandeva@yahoo.com
​Бидете дел од нашата одбојкарска приказна – ве очекуваме во Дојран!