Ливерпул и Челси ги поделија бодовите во дербито на „Енфилд“, а во натпревар од 36.коло на Премиер лигата. Со конечен резултат 1:1 заврши овој дуел, па лондонската екипа, сеуште е надвор од позициите што водат на европската сцена.
Домаќините дојдоа рано до водство, уште во 6.минута преку Рајан Гравенберх. Холанѓанецот упати прецизен удар од далечина кој заврши во горниот десен агол од голот.
Челси успеа да израмни пред крајот на првото полувреме, поточно во 35-тата минута. Енцо Фернандез изведе слободен удар, а топката на патот до домашната мрежа не ја зафати ниту еден фудбалер.
По овој резултат, Ливерпул останува на четвртата позиција на табелата со 59 бодови. Овој бод е позначаен за Ливерпул во нивната потрага по елитното европско натпреварување.
Екипата на Челси се наоѓа на деветтото место со вкупно 49 освоени бодови. „Сините“ имаат два помалку од Бренфорд кој е во позиција да игра Конференциска лига, односно трио помалку од Борнемут кој брка Лига на Европа.
До кракот на сезоната за двете екипи остануваат уште по два натпервари.





































