Кошаркарите на ТФТ претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај Борац во баражот за влез во АБА-1 лигата.

На дуелот одигран вечерва во Чачак, српската екипа, го надигра убедливо ТФТ со 97-61.

Дека натпреварот ќе оди во еден правец се виде уште во првото полувреме. По првите 10 минути игра домашниот тим имаше +10, а на полувремето веќе 22 поени разлика. Без препознатливата енергија, очаен шут за три поени (2 oд 22) и многу лесни примени поени, ТФТ и не можеше да се надева на нешто повеќе.

И во второто полувреме, домашниот тим продолжи во ист ритам, а ТФТ со својата летаргија. На крајот поразот со 36 поени разлика, беше се чини неизбежен вечерва.

Тимот на Борац со тоа направи огромен исчекор кон опстанок во АБА-1 лигата во која сезонава го освои претпослендото место.

ТФТ шанса за поправен ќе има веќе во недела (10 мај- во Скопје. Евентуален триумф на ТФТ ќе му даде уште една шанса преку мајсторката што би се играла во Чачак на 15 мај.