Македонскиот вицепрвак ТФТ денеска ќе го игра првиот бараж натпревар преку кој се брка пласман во елитната АБА лига. Противник на скопската екипа е српскиот тим Борац од Чачак кој заврши како претпоследни во прволигашката конкуренција.
Задачата за избраниците на тренерот Боро Смилковски нема да биде ни малку лесна. Станува збор за квалитетен противник.
„Сериозен предизвик против екипа и град со голема кошаркарска традиција. Ростер кој го нуди можеби и најдоброто во однос на талент од регионов, доста од нив продукт на сопствената школа, надополнети со неколку искусни играчи со долгогодишна кариера во АБА 1 и озбилно кошаркарско ЦВ.
За нас едно уникатно искуство против екипа од рангот каде што сакаме да бидеме.
Пред се се надевам дека ќе презентираме добра и модерна кошарка, со својот во однос афирмација на нашите резултати. Спремни сме да го дадеме нашиот максимум но и свесни дека за евентуален успех ќе ни биде потребна нашата најдобра верзија до сега, можеби и повеќе од тоа”, вели тренерот Смилковски.
Првиот од можните три натпревари меѓу Борац и ТФТ ќе се игра попладнево од 20.30 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇


































