Фудбалскиот шампионат на Македонија односно Првата лига, е во самиот финиш. До крајот на првенството остануваат уште три кола.

Борбата за шампионската титула, одамна се сведува на две екипи.

Актуелниот првак тетовска Шкендија, го губи лидерот со лидерот на табелата скопски Вардар. Загубените бодови на последните два натпревари тетовци многу веројатно ќе ги чинат титула. Тие во моментов заостануваат шест бода зад вардарци.

Математиката е јасна. Во последните три натпревари на Вардар му требаат три бода за да ја зачуваат првата позиција, а со тоа да го освојат и шампионскиот трофеј. Ова дури и во случај двете екипи да имаат ист број на бодови, но скопјани се во голема предност кога во прашање е гол разликата.

Првата шанса за шампионска промоција вардарци ќе ја имаат веќе во сабота на домашен терен. На арената „Тодор Проевски“, Вардар ќе го пречека кратовски Силекс. Овој натпревар ќе се игра во терминот од 16 часот, како и дуелот во Тетово каде Шкендија ја пречекува Струга Трим Лум.

А, токму стружани и тетовци ќе бидат последните два противници на вардарци. Но, дали скопјани ќе остават на случајноста тогаш да решаваат за титулата или тоа ќе го сторат уште во првата прилика, во сабота против Силекс, останува да видиме.

ПМФЛ – 31 КОЛО

недела 9 мај
16:00 ВАРДАР – СИЛЕКС
16:00 ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л.
16:00 ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
недела 10 мај
16:00 АП БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
16:00 АРСИМИ – БАШКИМИ
16:00 МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ

Standings provided by Sofascore