Ракометарите на Вардар успеаја во реванш четвртфиналето од Лига Европа да слават победа со 27:24 на домашен терен против француската екипа Монпелје.
Победата од десет разлика на првиот дуел (33:23 за Монпелје) се покажа како решавачка за пласманот на францускиот тим во полуфиналето односно на Ф4 турнирот во Хамбург.
Македонскиот претставник добро го одигра во првото полувреме и успеа да анулира пет голови од предноста на ривалот и по 30.минути резултатот беше 17:12. На почетокот на вториот дел „црвено-црните“ дојдоа и до предност од седум разлика во три наврати (20:13; 21:14 и 22:15), но немаа сили во завршницата на натпреварот. Тоа го казнија ракометарите на францускиот тим и пред се на одбраните на Реми Десбоне (15) дојдоа до мирна завршница.
Јака Малус кај Вардар со 6 голови (5 во прво полувреме) беше најефикасен на дуелот, а голманот Милош Валах имаше 18 одбрани.
Резултати на другите четвртфинални натпревари:
КИЛ – Нексе 30:27 (30:33 прв натпревар)
Порто – МЕЛСУНГЕН 23:19 (23:28)
Хановер – ФЛЕНЗБУРГ 35:43 (39:39)
Пласман на Ф4 турнирот изборија трите германски екипи: Флензбург, Кил и Мелсунген и францускиот тим Монпелје.


































