Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди е јунакот на екипата на Коњаспор.

Токму со голот на Барди, оваа екипа во полуфиналето на Купот на Турција славеше со 1-0 на гости кај фаворитот Бешикташ.

Бари два пати ја затресе мрежата на протвникот. Сепак неговиот гол во 86.минута беше поништен поради офсајд.

Но, затоа, длабоо во судиското дополнение (90+8), голот на Барди од пенал беше доволен за голема радост на гостинската екипа.

Коњаспор која претходна го елиминира и Фенербахче, сега ќе го чека исходот во вториот полуфинале меѓу Генчирбирлиги и Трабзонспор.