Лидерот на табелата во Серија А, Наполи со нова победа се зацврсти на врвот на табелата, додека екипите од Милано – Интер и Милан одиграа нерешено. Ова беше епилогот од првите три натпревари од 29.коло.
Наполи славеше победа од 2:1 на гостувањето кај Лече, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути. Интер беше на чекор до победата на гостувањето кај Салернитана, но домашниот тим поразот го избегна со голот во последната минута со голот на поранешниот играч на Интер Антонио Кандрева. Без победник и без голови заврши и дуелот меѓу Милан и Емполи.
Наполи е прв на табелата со 74 бодови, Лацио со натпревар помалку има 55, Милан 52, а Интер 51, додека Рома е петта со 50.