Македонскиот ракометен вицепрвак и главен претендент за нов шампион, Вардар денеска има настап на европската сцена.

вардарци пред своите симпатизери во СЦ „Јане Сандански“ ќе го играат реванш четвртфиналниот натпревар од ЕХФ Европската лига. Црвено-црните во дуелот против францускиот Монпелје ќе бидат пред невозможна мисија. Избраниците на тренерот Иван Чупиќ ќе треба да надополнат 10 голови негатива од гостувањето во Франција каде загубија со 33:23.

Велат „надежта последна умира“, а тоа сигурно ќе биде и мотото на вардарци во денешниот натпревар. Многупати досега се покажало дека „Јане Сандански“ ” била „неосвоива тврдина“. Поддршката од навивачите е повеќе од неопходна, па со нивната помош вардарци се надеваат на чудо.

„Наше е да дадеме максимум и со огромна поддршка од нашите навивачи да се покажеме во далеку подобро издание“, изјави Милан Лазаревски.

Како вовед во натпреварот, од таборот на вардарци ги повикаа навивачите да да дојдат порано во фан-зона пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 18:30 часот.

Вечерашниот дуел меѓу Вардар и Монпелје ќе почне од 20.45 часот, а ќе може ДА ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

Следете нé на социјалните мрежи