Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ сеуште е со шанса да игра во елитната конкуренција на регионалната АБА лига.

Иако синоќа ја пропушти првата шанса, по драматичниот пораз од Широки Бријег во финалето на АБА2 лигата, ТФТ сега ќе бара пласман во Првата АБА лига преку бараж двомеч. Противник на избраниците на Боро Смилковски ќе биде искусниот состав на Борац од Чачак. Српскиот тим ја заврши сезоната како претпоследен во елитното друштво и ќе ја има предноста на домашниот терен.

Серијата се игра до две победи, а првиот натпревар е закажан за 7 мај во Чачак.
Вториот дуел ќе се одигра во Скопје на 10 мај со почеток во 21 часот пред македонската публика. Доколку биде потребна „мајсторка“ за одлука, таа повторно ќе се игра на теренот на Борац во дополнителен термин.

ТФТ има историска можност да се избори за место меѓу најдобрите регионални екипи. Љубителите на кошарката во Македонија со голем интерес го очекуваат првиот судир на „црно-белите“ против фаворизираниот противник од Србија. Клубот од Тафталиџе најавува борба до последната секунда за остварување на својот најголем спортски сон.