Како и што се очекуваше, екипите на Атлетико и Арсенал одиграа „рововски“ натпревар во првиот меѓусебен дуел од полуфиналето на Лигата на шампионите. Повеќе ориентирани д а ја сочуваат својата, отколку загрозат противничката мрежа, фудбалерите на двата тима останаа должни на јавноста. Дуелот во Мадрид заврши без победник со по еден постигнат гол (1-1), а разлика од вчерашниот во Париз на кој видовме девет.
Прв се закани домашниот тим кога Алварез биеше од работ на шеснаесетникот, но гостинскиот голман Раја одлично интервенираше. До следното возбудување се чекаше се до 30.минута кога Мадуеке за само сантиметар-два биеше крај голот на Атлетико.

На истекот на 42.минута беше досудена најстрога казна кога во шеснаесетникот на Атлетико беше соборен Виктор Ѓокереш. Токму тој ја презеде одговорноста и биеше прецизно во мрежата на Облак, за водство на Арсенал од 0-1.
Уште на стартот на вториот дел избраниците на Диего Сименоне заиграа многу по офанзивно.
Во 56.минута Бен Вајт играше со рака во шеснаесетникот на гостите. По прегледувањето на ВАР снимката судијата Макели покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Хулијан Алварез за израмнување на 1-1.
Веќе во 63.минута голема среќа имаа „топчиите“. Ударот на Гризман заврши онаму каде се спојуваат стативата и пречката, па резултатот остана не променет.
Во 78.минута холандскиот судијата Макевели покажа на белата точка, овојпат за Арсенал. Но, сега ВАР снимката не беше во прилог на гостите од Лондон, па пеналот беше поништен
Така реванш дуелот во Лондон што ќе се игра во вторник, 5 мај ќе решава за патникот во финалето. Ден подоцна (среда) Баерн и ПСЖ ќе играта во Минхен (4-5 на првиот меч).






























