Македонскиот вицепрвак ТФТ не успеа да се избори за мајсторка во финалната серија во АБА2 лигата.
Во реванш дуелот одигран вечерва во полната салата ,,Лазар Лечиќ” во скопскиот градски парк, ТФТ поголема борба и драма, загуби од широки со 86-87. Така босанскиот тим ја оствари втората победа а со тоа и стана првак во второлигашката конкуренција, со што се промовира во еден член на елитната АБА лига.
По изреметите воведни пет минути, македонскиот вицепрвак успеа да направи серија со која поведе со седум поени предности. Сепак на крајот на на првиот период ТФТ замина со четири позитива (25-21). Во ист ритам продолжија и на стартот на вториот квартал избраниците на тренерот Боро Смилковски. Во шеснаесеттата минута македонскиот вицепрвак за првпат дојде иде од во цифри на предност +11 (36-25). На паузата меѓу двете полувремиња ТФТ замина со осум поени предност 43-35.
Во третиот квартал гостинскиот состав беше за нијанса подобар. Ја доби Широки четвртината со 18-24, во завршните 10 минути македонскиот вицепрвак влезе само со два поени позитива 61-58.
Немаа решение избраниците на Смилковски за расположение Трајс, кој освен што погодуваше од сите ситуации ги разигруваше и своите соиграчи. Иако имаа шест поени предност 69-63, домашните кошаркари влегоа во лош период. Гостинскиот состав направи серија 0-8 и поведе со 69-73. На без малку две минути до крајот ТФТ беше и на негатива од пет поени. На половина минута до крајот при три поени предност гостите ја загубија топката и направија неспортски фаул врз Ташовски. Македонскиот репрезентативец го реализира двете слободно фрлања и намали на 84-85. Во нападот кој следуваше Говенс на 10 секунди до крајот погоди за водство 86-85. Затоа пак на спротивната страна неверојатниот Трајс со својот 32 поени донесе ново водство на Широки 86-87. ТФТ го имаше последниот напад и 4,2 секунди до крајот. Гордон ја презема одговорноста, но неговиот обид беше не ефикасен па тимот на Широки се радуваше на победа и пласман во прволигашката АБА конкуренција.
Сепак, макеоднскиот вицешампион, ТФТ ќе има уште една шанса за тоа, преку бараж натпревар со екипата на Борец од Чачак. И тој дуел би требало да се игра во две добиени средби, а победникот ќе го пополни последното место во АБА-1.


































