Нови три натпревари ноќеска се играа во првата рунда од НБА плеј-офот, а по нив резултатот на сите три е 3-2.
Во Лос Анџелес, тимот на Хјустон покажаа неверојатен карактер и ги совладаа Лејкерс со конечен резултат од 93–99.
Иако играа без повредениот Кевин Дурант, гостите од Тексас успеаја да ја замолкнат публиката во „Крипто Арена“. Џабари Смит Џуниор ги предводеше „Ракетите“ со 22 поени и неколку клучни тројки во последната четвртина. Леброн Џејмс постигна 25 поени за Лејкерс, но тоа не беше доволно за да се затвори серијата пред домашните навивачи. Хјустон сега се враќа дома со надеж дека ќе избори мајсторка во овој израмнет дуел.
Кејд Канингем одигра историски натпревар за Детроит Пистонс против мотивираната екипа на Орландо Меџик.
Младиот бек постигна неверојатни 45 поени и постави нов рекорд на франшизата во плејоф завршниците. Пистонс славеа со 116–109 и со тоа ја намалија вкупната негатива во серијата на 3–2. Паоло Банкеро му парираше со 45 поени за Меџик, но неговите промашени слободни фрлања беа пресудни за крајниот резултат. Орландо и понатаму води, но притисокот сега е целосно на страната на фаворизираниот тим од Детроит.
Тимот на Кливлен ја врати предноста во дуелите со Торонто, откако ноќеска пред своите навивачи славеше со 125-120.
Харден и Мобли завршија со идентични 23 поени и по 9 скокови, а Мичел и Шредер помогнаа со по 19 поени. Сега Кавалирс водат со 3-2 во победи во серијата што се игра на четири добиени.
Сериите продолжуваат во петок со шестите натпревари кои ветуваат нова доза на драма и неизвесност за навивачите.































