Ракометарите на македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп Охрид загуби минимално со 27:26 на гостувањето кај словенечката екипа Цеље во првиот полуфинален натпревар од ова натпреварување. Ова за охриѓани е прв пораз сезонава во ова натпреварување.
Македонскиот преставник одлично го почна натпреварот и поведе со 6:0.Но, противникот се врати во игра и со серија од 8-0 од 7:10 стигнаа до 15:10. Во тој период Охрид не успеа да постигне гол 13 минути, откако на стартот Цеље немаше гол 10 минути.
Домашниот ти највисоката предност ја имаше од +7 (22:15), но охриѓани се вратија со серија од 9-3 за 25:24. Во завршницата двете екипи постигна по два гола, а и голманите имаа одбрани.
Кај Цеље Аљуш Анжиќ со 8 голови беше најефикасен, додека кај Охрид Дарко Ѓукиќ постигна 5. Голманот на Цеље Гал Габершек имаше 12 одбрани, а Киристијан Пилиповиќ 10.
Реванш натпреварот се игра на 2.мај во Охрид.



































