Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одигра еден натпревар од 29-тото коло. Дербито за „опстанок“ го добија фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров кои со 2-1 славеа во дуелот против Работнички.
Само што почна втората минута од натпреварот, домашните поведоа со 1-0 со голот на Колумбиецот, Перез. Тимот на Работнички во 14.минута имаше шанса да израмни, но Муарем биеше не прецизно. Во продолжението двете екпи имаа неколку шанси за погодот, но рамките од головите, беа сојузници да двајцата чувари на мрежите.
Во вториот дел, популарните „романтичари“ беа оние кои повеќе имаат од играта. Напаѓаа и создаваа шанси фудбалерите на Работнички, но Македонија ЃП на голот го имаше расположениот Јанков. И кога не ги искористија своите шанси следуваше казна на спротивната страна. Во 63-тата минута младиот 17 годишен Џангаровски по соло пробивот и донесе водство на Македонија ЃП со 2-0. Но, радоста на домаќините не траеше долго. Само пет минути подоцна (68), Муарем намали на 1-2. Манојлов во 76.минута од само 4-5, метри непречен од никого со глава биеше крај голот и пропушти можност да го израмни резултатот.
Македонија ЃП, остана на претпоследното место, сега има 27 бодови, само еден помалку од Работнички, а два и шест од Пелистер и АП Брера кои се во зоната за бараж.
ПРВА ЛИГА – 29 КОЛО
недела – 26 април
16.00 ВАРДАР – ТИКВЕШ
16.00 АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР
понеделник – 27 април
14.00 СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
16.00 ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ
Одиграно
АРСИМИ – ШКУПИ 5-1
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ


































