Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром утре му гостува на Сплит во претпоследниот натпревар од АБА лигата.
Доколку аеродромци сакаат да останат во игра за опстанок во елитното друштво, едноставно, МОРААТ ДА ПОБЕДАТ!.
Друга опција за сино-белите нема, па затоа на утрешниот меч од нив се очекува да „изгинат“ како што вели искусниот Војдан Стојановски.
„Сите во тимот сме свесни за важноста на гостувањето кај Сплит. Немаме право на ниту еден кикс до крајот, па затоа сме подготвени да изгинеме на паркетот да дојдеме до посакуваната цел. Со добра енергија и борбена игра ќе може да славиме во славното „Грипе“,
изјави Војдан.
МЗТ покрај победата над Сплит, мора да се надева и на пораз на ривалот Борац кој е аутсајдер во неделниот меч до Црвена Звезда, но истата комбинација (победа на МЗТ и пораз на БОрац), ваќи и за последното коло, по кое ќе се знае кој тим ќе заврши како последно рангиран на табелата и ќе се пресели во втората лига.
Утрешниот дуел меѓу Сплит и МЗТ Скопје започнува од 18:00 часот.