Започнува најинтересниот дел во Првата кашка кошаркарска лига, плеј-офот. Четирите екипи кои покажаа најмногу во текот на првенството заслужено ќе играат во полуфиналето. Сепак, само за една од нив, шампионот, следната сезона ќе има место во Супер лигата. Струмица, Соколи, Борец баскет и Бутел, ќе се борат за суперлигашки билет.

Полуфиналната серија која ќе се игра според принципот „подобар од три“, која треба да ги даде и двата финалисти.

Во саботниот термин, од 17.часот, во салата „Никола Карев“, ќе се сретнат екипите на Струмица и Борец баскет, прво и четвртопласираната екипа во регуларниот дел од сезоната. Струмичани стартуваат од најдобрата почетна позиција поради подобриот меѓусебен скор кој го имаа во дуелите со Соколи. Затоа тие ќе ја имаат предноста на домашен терен во серијата со прволигашот од Велес.

Ден подоцна (недела од 19 часот), во Штип ќе почне и втората полуфинална серија. Во неа ќе разигруваат екипите на Соколи и Бутел, оние кои завршија на втората и третата позиција. Штипјани ја имаат предноста која ја дава домашниот терен, и во случај на нерешен резултат во првите два натпревари, „мајсторката“ ќе биде на нивниот терен во салата „Јордан Мијалков“.

Потсетување дека овие четири екипи, во првиот дел од сезоната играа во иста група („Б“), додека другите четири кои не се дел од плеј-офот играа во „А“„” групата.

Денешните полуфинални натпревари може да ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Следете нé на социјалните мрежи