Македонскиот вицешампион ТФТ е пред историска шанса за пласман во големото финале на регионалната кошаркарска АБА 2 лигата.
По големата победа во Никшиќ, ТФТ вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, ја пречекува екипата на Сутјеска.
Победа за избраниците на Боро Смилковски значи директен билет за завршната борба за титулата, во која чека екипата на Широки Бријег. Тренерот Смилковски е претпазлив, но верува во квалитетот на своите кошаркари пред денешниот реванш.
„Имаме предност, но работата не е завршена бидејќи Сутјеска е исклучително опасен и искусен противник“, изјави предводникот на ТФТ.
Тој додаде дека неговите играчи мора да останат фокусирани во текот на сите четириесет минути игра.
Виктор Ташовски и Антони Говенс ќе бидат главните адути во нападот на скопскиот состав. Навивачите се повикани да дадат максимална поддршка за остварување на најголемиот клупски успех досега. Сите очи на македонската кошаркарска јавност денеска се вперени кон Тафталиџе и нивната мисија.
Поради овој клучен дуел, Кошаркарската федерација го одложи колото од домашното првенство за да се зачува свежината на тимот.
Денешниот натпревар ТФТ – Сутјеска што ќе почне од 18 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
































